Мицкоски за лидерската: Заев бега од проблемите на граѓаните

Опозицискиот лидер во видео-обраќање преку социјалната мрежа Фејсбук истакна дека секому му станува јасно дека премиерот Зоран Заев бега од проблемите кои ги создава токму владата која ја предводи.

-Факт е дека има проблеми со економијата која е во рецесија. Исто така факт е дека има проблеми со ковид здравствената криза. До вчера славеа по рестораните и оддржуваа избори, денес воведуваат рестриктивни мерки. Исто така факт е дека има проблеми со Бугарија, која што впрочем го докажува ветото кое го заработија. Најпосле факт е дека Заев има проблем со владата, внатре во самата влада со коалициските партнери, но исто така и внатре во неговата партија. А најголем факт е дека владата е најголем проблем. И затоа треба токму за овие теми да разговараме на лидерска средба, затоа што одговорно е, и граѓаните очекуваат ние да најдеме решение за проблемите кои што постојат. Вистински скандал е што Зоран Заев вчера кажува едно, а денес сосема друго. Вчера рече дека ќе свика лидерска средба ако тоа не го направи Пендаровски, а денес го промени мислењето. Овој човек за се и сешто менува ставови. Што ги доведува граѓаните до сериозно чувство на несигурност и ваквото однесување навистина создава проблеми, рече Мицкоски.

Вели дека менувањето на ставовите всушност е најголема потврда дека проблемите кои ги споменав постојат.

-Сосема на крај гледам нервозно, со навреди  и лаги се обраќа кон мене, како што впрочем тоа го прават постојано, и додека тој тоа го прави со невистини, јас само ќе констатирам познат и вистинит факт дека Зоран Заев е амнестиран за криминал.  Сосема на крај сакам да заклучам, кога изворот на сите проблеми е Зоран Заев, решението е тој да си замине, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2020 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега