Мицкоски: За несреќата свесно не дававме коментари три дена

Во врска со тешката автобуската несреќа во Бугарија во вторникот, Мицкоски рече дека свесно  три дена не давале коментари и им изрази сочувство на семејствата на загинатите.

Смета дека треба да има морална одговорност на надлежните министри и институции и дека овој немил настан, како што рече, е „само продолжение на корупцијата, криминалот и нефункционирањето на државните институции што почна со несреќата во Ласкарци и површната истрага во ’Дурмо турс’ и продолжи со кабелот во модуларната болница во Тетово“.

Ја коментираше и одлуката за ново раководство на РЕК Битола оценувајќи дека сложеноста на тоа работно место бара поинаков кадар.

-Очекувам само да се продлабочи агонијата, не мислам дека нешто поинаку ќе се случи, а за да не поскапи струјата требаат многу пари… Затоа се потребни брзи избори и нови луѓе кои знаат како да се справат со овие проблеми, додаде Мицкоски.

26.11.2021 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега