Мицкоски за случајот со авионот кој пристигна во Финска: како дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија? Како поминаа граница?

Тажна е ситуацијата , не смируваа дека се е под контрола и дека се грижат за граѓаните, а денеска слушаме дека 70 од патниците во авионот за Финска биле со косовски пасош, рече Мицкоски како одговор на прашање кој е неговиот став за случајот со авионот кој што пристигна во Финска, а полета од македонскиот аеродром каде што има 20-тина заразени од КОВИД - 19.

-Тажна е ситуацијата, се сеќавате не смируваа дека се е под контрола, да не се грижат граѓаните. И денеска слушнавме од министерството дека всушност патниците, мнозинството патниците во тој авион биле лица со косовски пасош. Не биле македонски. И тоа било олеснителна околност. Македонските биле само два, а повеќе од 70-тина биле лица кои што со косовски пасош. Па како дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија? Како поминаа граница? Како поминаа на аеродром? Го поставил некој тоа прашање? Дали ова е тоа дека ние не треба да се грижиме и секираме, дали ова е тоа дека работата е под контрола. Две контроли кои што треба да ги спроведе државата една на граничниот премин преку кој што овие лица влегле во Македонија и една на самиот аеродром покажале резултати различни од оние кои што ги покажале аеродромските власти во Финска. Како влегле тие? Директно влегле во авион? Тоа е прашањето и затоа денеска сме рекордери. Затоа македонските граѓани денеска се во кафез, заклучно со септември, и не можат да патуваат во ЕУ. И ова се тие политики. И нема да ме чуди ако овој кафез продолжи до крајот на 2020-тата година. Ова се тие политики кои што мора да ги победиме.- рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега