Мицкоски заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа кај Пендаровски и бараат одговор зошто го доделил мандатот на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и пратениците отидоа пред Вила Водно, кај претседателот на државата Стево Пендаровски, од кого ќе бараат одговор зошто мандатот му го додели на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Мицкоски протестниот марш го најави на прес-конференција.

--Денес од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски беше прекршен Уставот. Без никаков доказ кој е неопходен за поседување на парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник, тој го додели мандатот за состав на нова Влада на пратеникот Зоран Заев, обвини претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега