Мицкоски: Заев е мали Луј 14-ти, додека народот нема леб, тој се вози во БМВ од 100.000 евра

Тој станува заробеник на минатото и таму со замислениот противник е сам со себе. Си прави тера монолзи, од време ќе ме спомене и мене.  И таквиот разговор делува отсутно, и затоа тоа е борба со ветерници. Неговата оспеднатост со минатото говори дека се врти во истиот круг, додека надвор од тој круг е реалниот живот. И затоа во оваа кампања делува отсутно и непрепознатливо и нема решенија за проблемите на граѓаните, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Чашка.

Мицкоски го поистоветува Зоран Заев со Луј 14, посочувајќи дека додека народот го истура својот род, тој се вози со ново патничко возило од марката БМВ кое чини 100.000 евра.

-Од неговите патувања во странство она што му оставило впечаток е како што самиот говори дека имало црвени килими. И тука прашањето е што има Македонија од твоите црвени килими,, освен блокада, ред тапшања по рамо, и извештаи дека сме хибриден режим? Тој всушност е еден мал Луј 14-ти само во една современа балканска верзија кој се раководи според принципот државата тоа сум јас, па опиен од апсолутната власт 5та година по ред смета дека може и да управува со животите и судбините на луѓето. Таквиот балкански Луј 14-ти нема никакво чувство за тоа како живеат луѓето на Македонија, за нивните тешкотии. Овој балкански Луј 14-ти се вози во најнова марка патничко возило БМВ вредно 100 илјади евра, има плантажи со марихуана, самиот си кажува дека неговата империја тежи милиони евра. И додека нема народот за леб, тој купува ново патничко возило од марката БМВ, додека народот го истура грозјето, тој ужива во луксуз, потенцираше Мицкоски.

09.10.2021 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега