Мицкоски: Заев и Пендаровски дојдоа на мојот став за кризна соостојба

 

Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски денеска преку Фејсбук потсети дека пред 8 месеци барал воведување кризна состојба, но власта била против.

Пред 8 месеци предложив воведување на кризна состојба, пред сè затоа што таа е регулирана согласно закон, без можност за широки толкувања, што би се рекло со помали шанси за злоупотреба. Тогаш одговорот на Заев беше дека кризна состојба нема да ги постигне посакуваните ефекти, а Стево Пендаровски велеше дека за ангажирање на војската и ресурсите не е потребна кризна состојба и дека државата нема ресурси за прогласување на кризна состојба на целата држава. Инаку, тогаш прогласувањето на вонредна состојба која е непрецизно регулирана им даде можност за масовни злоупотреби во пресрет на изборите, легализиран поткуп во форма на картички за еднократна употреба, субвенции, дотации, кои беа директен поткуп, а не помош. Денес кога парите се потрошија, потрошија 2 милијарди евра, кризата со Kовид не се намали, дојдоа на мојот став дека потребно е кризна состојба. Но, денес корона заразата руши рекорди по распространетост, а системот е целосно блокиран, вели Мицкоски.

Вели дека не може да сфати како Пендаровски и Заев толку лесно играат на картата на краткото помнење.

-Образот им е ѓон, но барем да не ја навредуваат интелигенцијата на јавноста, народ ги гледа и памети. Црвените телефони за цензура нема да ја на прават сликата поубава, затоа што народот го живее хаосот предизвикан од неспособноста на Заев, Пендаровски и целата власт. И ве уверувам дека и кризната состојба нема да биде искористена за вистинска борба против Ковидот, туку за замајување на јавноста дека работат нешто, додека пандемијата ќе продолжи да одзема животи поради неспособност, читајќи ги сите оние сведоштва за личните трагедии на луѓето кои ги губат своите најблиски. И на крај, како тоа има потреба за кризна состојба, а Заев тера избори во криза во Штип и Пласница. Ќе почекаме да дојдат на ставот дека нема услови за корона избори, напиша Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2020 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега