Мицкоски: Заев молчи за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на општина Ѓорче Петров.

Тој во рамки на кампањата „Обнова на Македонија“ оствари средби и разговори со голем број на граѓани.

- На сите присутни овде ви благодарам на присуството и ви благодарам што сте дел од теренските активности кои што ги предводи победничката коалицијата, Коалицијата „За обнова на Македонија“. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот и политичките партии кои што се дел од оваа Коалиција, која што јас ве уверувам дека на 12-ти април, лето Господово 2020-тата година ќе ја донесе историски најголемата победа на парламентарните избори во независна и суверена Македонија. Кога почнавме имавме дилема дали ќе биде активноста успешна бидејќи од секаде стигаше до нас информација дека на нашите сограѓани им е преку глава од избори, дека се изморени од избори, дека покрај сите оние нереализирани и неисполнети ветувања, неиспорачани очекувања, дека постои еден вид на разочарување, апатија кај нашите сограѓани и дека не сакаат повеќе да видат политичари. Бидејќи чувството и перцепцијата кај нашите сограѓани за политичарите е дека или овие дојдоа овдека да не лажат за да можат да ги гласаме, а потоа да седнат во дебелите фотелји за да можат да крадат. Е, ние тргнавме во една теренска активност да покажеме и да докажеме дека ние сме поразлични и дека како генерација политичари имаме што да понудиме, ниту сме лажговци, ниту пак ја бараме поддршката на граѓаните преку лаги и измами. Туку ја бараме поддршката затоа што имаме честита понуда и затоа што сакаме крваво и макотрпно да работиме откако ќе ја добиеме таа доверба, за да покажеме и докажеме дека Македонија може поинаку и дека најдобрите времиња за Македонија и граѓаните на Македонија допрва доаѓаат, да не се разочаруваат. Затоа што оваа неславна епизода наречена Зоран Заев и СДСМ завршува со една огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на 12-ти април. Излеговме крајот на септември, поминавме десетици градови, поминавме стотици села, булевари илјадници, разговори со наши сограѓани. Излеговме да учиме, да слушаме. Онаму каде што и ние сме грешеле во минатото, да слушнеме од прва рака, очи во очи, гради во гради, да не ја повториме таа грешка. Но онаму каде што сме направиле добри работи истото тоа да го усовршиме, да го надградиме и да го направиме подобро. Онаму каде што греши нашиот политички противник да понудиме решение, да можеме тоа решение да го испорачаме и исполниме откако ќе ја добиеме довербата од граѓаните. И не се срамиме да кажеме дека учиме, и човек практично учи додека е жив, никој научник не се родил туку напротив колку повеќе разговарате, колку повеќе ги слушате вашите сограѓани, соседи, пријатели, колеги и роднини толку повеќе учите. И нема лошо во тоа, вели тој.

Но за жал денешната реалност кај овие политичари кај владата е малку поинаква. Сосема различна од онаа која што ние ја гледаме на булеварите, на улиците. Онаа реалност која што ја слушаат нашите сограѓани таа е тешка, мачна, сиромашна, полна со разочарувања. Луѓе кои што не веруваат дека ќе имаат иднина во оваа држава, луѓе кои што се разочарани и луѓе кои што практично едвај крај со крај трпат да го поминат месецот. За жал овие наши елитисти, деспоти кои што се во Владата денеска ги слушнавме како велат дека директно од црвените килими од Бакингемска палата дојдоа овдека во Волково за да ги гледаат Ѓорчепетровци очи во очи и да ги лажат. Ги гледаме како се караше премиерот заедно со градоначалникот и се натпреваруваа кој повеќе ќе излаже дека изградиле канализација, дека изградиле тротоари, дека поплочиле улици, а во суштина видовме дека тоа е една голема, шарена лага. Мислам јас не очекувам ништо поразлично од Зоран Заев, ниту пак од овој кафанџија овдека наречен градоначалник во Ѓорче Петров. Не очекувам ништо поразлично од тоа, отколку да кажат уште една шарена лага, претпоставувам со алкохол во крвта под нула промили. Затоа што ако е малку повеќе ќе се изнаслушавме уште повеќе нешта плус кое што ќе беше потрагично и посмешно. Но она што го видовме, навистина ме загрижува, тие не гледаат во очи и не само што не гледаат во очи и бесрамно не лажат, туку тоа им стана пракса, а уште полошо е што мислат дека народот верува во нивните лаги. Тоа е полошото.

- Народот, народот македонски е мудар и знае да процени и оцени лажливи политичари и лажливи карактери, и лажливи луѓе. Ние денеска ја бараме довербата и ќе продолжиме да ја бараме се до 12-ти април, е тогаш овој мудар народ позади кутијата ќе им одговори дали лажливо блескаме како што денеска тоа го кажуваа овде во Ѓорче, во Волково, или пак ќе ги блесне казната од народот така силно што ќе им требаат години да се соземат од тоа што ги снашло. Затоа што следи огромна, голема победа на народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ, и една нова честита влада во Македонија Но јас нема да зборувам за тоа што денеска зборуваа, ова денеска е само продолжение на срамот, понижувањата и омаловажувањата што ги прават овие три години. Јас ќе ве потсетам и на неколку други лаги од минатото. Се сеќавате и на жицата, се сеќавате како изгубени низ времето го бараа семето, но за жал ниту семето го најдоа, а жицата остана скината, а со жицата остана скината и нашата душа македонска. Затоа што е понижена и омаловажена од овие луѓе. Затоа што нема денеска човек кој што не се чувствува понижен и омаловажен од сето она непристојно однесување, примитивно однесување, распродажба која што овие луѓе им ги приредија на македонските граѓани. Се сеќавате кога шетаа по булеварите и по плоштадите, и по улиците кога велеа само што не се променила власта во Македонија и веднаш ќе почнел да дува Алпски воздух. Дека веднаш ќе се прочистело се и тоа било лекот, само да се променила Владата во Македонија. Еве денеска, три години потоа не само што не го дишеме тој Алпски воздух, не само што не го дочекавме тоа лажливо ветување туку денеска Скопје руши рекорди на светската скала по најзагадени градови. Нашето Скопје, градот убав денеска руши рекорди, е во првите пет заедно во конкуренција му се неколку пакистански и индиски градови.

Никој од вас не ги тераше да ветуваат студентски градови и реновирани студентски домови, образование кое што младите луѓе ќе го добиеле како нивните врсници во Европа и во развиениот свет, па таа младинска гаранција. Па дополнителни стимулации за младите земјоделци и што ли уште не. Лага, до лага. Таква е денеска реалноста нема ниту студентски град, ниту реновирани студентски домови, за квалитетно образование ниту станува збор, ниту пак некој сака или има абер да се позанимава со таа тема. Гледаме како тонеме на сите светски ранг листи, а младите ги полнат куферите и трајно ја напуштаат нашата држава. Пет од десет мои дипломци веднаш по дипломирањето разочарани од безперспективноста што ја има тука во Македонија одлучуваат да ја напуштат Македонија. Пет од десет. А, другите пет полека порано или подоцна истиот тој чекор го преземаат. Тоа е таа трагедија денеска која што и се случува на Македонија. Селата веќе не се празни, тоа е стара приказна, денес градовите се празни. Мојата генерација оние околу 40-тина години кога се собираме еднаш годишно да ја прославиме матурата се броиме на прсти. А, бевме 39 одлични, од кои што 345 беа скроз одлични. Денеска се наоѓаат по универзитети во светот, по фабриките, по адвокатските канцеларии. Се броиме на прсти кога еднаш годишно ќе се собереме да ја прославиме матурата. Се сеќавате на оние чевли кои што ги редеа пред владата, па велеа само што не се променила власта и ние ќе ги донесеме вашите деца овде во Македонија. Денеска таа редица и таа бројка е најмалку 5 пати поголема од таа што тие ја редеа. Излегуваат статистики на светските листи, 2018-тата година е рекордна година на иселување на граѓани од Македонија, повеќе од 33.000 наши сограѓани трајно ја напуштија Македонија. Зошто? Затоа што нема перспектива, затоа што се разочарани, затоа што се исплашени за иднината на нивните семејства, на нивните најмили, на нивните дечиња, внуци. Тоа е главниот проблем. Сето останата тие можат да го истрпат, но не можат да ги истрпат лажливите политичари што доаѓаат од редот на СДСМ, не можат да го истрпат повеќе Зоран Заев затоа што знаат дека што ќе каже е практично спротивно на вистината. Се е тоа невистина, не сакам да кажам лага, недостоинствено е тоа да се зборува затоа што тој човек не бираше зборови и ветувања само за да дојде до фотелјата за да може своето криминално минато да го избрише, за да може да биде повторно амнестиран за случајот „Поткуп“ кој што цела држава и меѓународна заедница гледаше како бара мито за работа која што како градоначалник мора да заврши, и што сега ќе ме убедува дека бил невин, дека тоа што сме го гледале – не сме го гледале, тоа што сме го слушале- не сме го слушале. Еднаш криминалец- цел живот криминалец, ама криминалот ќе биде поразен на 12 април 2020, јас ви ветувам, додава Мицкоски.

Ќе измислуваат, ќе монтираат, ќе се закануваат, ќе уценуваат, денови не делат 29 од денот кога ќе ја напушти Владата на Македонија, месеци неколку не делат од големата победа. Они нека измислуваат, нека креираат со сите нивни слуги кои што ќе не малтретираат во овие неколку недели и месеци, ќе ги издржиме, во очи ќе ги гледаме и ќе ги издржиме, ама треба да се свесни дека после доаѓа нивниот ред. Од 13 Април доаѓа редот кога правото и правдината ќе ја победат неправдата и криминалот на СДСМ и Зоран Заев. Вие само измислувајте, а ние ќе работиме. Вие газете црвени килими во Бакингемските палати скапите  хотели во Брисел, а ние сме во кал заедно со народот и со народот ќе ве победиме на 12 Април.

- Им ветуваа на пензионерите секоја година по 10% дека ќе ја зголемувале пензијата, а што направија. Прво што направија ги намалија пензиите и им скратија само во последните две години по 1400-1500 денари месечно, за да го видиме Зоран Заев како го зграбил листот хартија со буџетот, на народот буџетот, вие го полните тој буџет, не они. И да им рече тоа што ви земавме – ви земавме, ама сега од јануари ќе ви дадеме 700 денари, а оваа година ќе ви ги покачиме пензиите онаму малкумина кои ќе го доживеат тоа за цели 36 денари, а најголемиот дел ќе добијат помали пензии. Но, не се пензионерите наивни луѓе, тие се мудри и искусни луѓе коишто поминале се, поминале низ нивните раце многу такви измамници како Зоран Заев, знаат да оценат тие луѓе, какви се тие карактери и својот конечен збор ќе го кажат на 12 април 2020, заедно со граѓаните на Република Македонија. Цела недела ја малтретираа македонската јавност каде бил ВМРО-ДПМНЕ, каде бил Христијан, да се произнесе за автентичното толкување за амнестијата. Еве се произнесовме, го кажавме нашиот став и што се случи. Самите тие тоа што го поднесоа, тоа што Зоран Заев го поддржа не го  гласаа во парламентот, знаете ли зошто? Затоа што тоа беше измислен случај за да се доисплатат стари долгови за ова насилие што се случуваше во парламентот, за да се остави можност Пендаровски Стево после 13 Април да ги амнестира криминалиите на овие што денеска се наоѓаат во „Илинденска“ бр.2. Затоа не го гласаа и затоа оставија простор да не биде изгласано тоа автентично толкување. Ајде зошто до сега се кријат и ги нема, молчат а крената глава и да одговорат  на барањето на ВМРО-ДПМНЕ, принципиелно барање пред македонскиот народ, пред македонските граѓани. Ајде политичари кои биле предмет на  амнестија д заборават на политика, да заминат од политиката и да не се занимаваат повеќе со политика. Зашто се кријат? Ќе ви одговорам, многу едноставно, сетете се на „Глобал“ сетете се на тој мултимилионерски скандал кој што се случуваше кога Зоран Заев беше аболиран, затоа што знае дека ако го прифати ова наше принципиелно барање коешто се темели на вредности тој ќе мора да замине од политиката, а со сопственото заминување ќе треба да понесе и одговорност за сето она што и го направи на Македонија, но и што и ја направи на неговата родена Струмица. Ќе треба да се сети и на идеите на Пецев, на Белев, на Јаремов, на Топчев и на Костуранов. Тие имаа поинаква визија и сон за нашата Македонија. Тие се неговите сограѓани затоа што тогаш тој ќе биде срам спореден со неговите сограѓани што и направи на Струмица и што денеска  и прави на Македонија. Но, ќе го потсетам ти само монтирај, измислувај, праќај од оние слуги да ги малтретираат активистите, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, да носат маски бидејќи се кукавици и да се покажат д ги видиме очи во очи, повеќемина на еден да напаѓаат, ти само праќај ги, ќе те издржиме и тебе и нив, ама треба да си свесен дека од 13 април 2020 редот е на тебе и  на тие малкумина слуги кои што ти слугуваат, тогаш ќе треба ти да издржиш, додава тој.

Вели ајде заедно да донесеме закон во парламентот каде што ќе се испита потеклото на имот на сите политичари, и еве јас се пријавувам како прв доброволец, да бидам, од мене да почнат. Ајде да почнеме да видиме кој од политичарите и како го стекнал сопствениот имот. Да видиме кои семејства стократно или илјадакратно во рок од неколку години го имаат зголемено својот имот, да видиме врз основа на што го зголемиле својот имот, еве јас да бидат првиот како пример и моето семејство. Нормално дека нема одговор, затоа што знаат дека не се чисти, затоа што знаат дека така брзо и така многу не се стекнува имот со чесна и честита работа, туку со работи кои што се се, само не се чесни и честити.

Потоа рековме  ајде да видиме да изгласаме во парламентот измени во изборниот законик каде што покрај 6те носители, ќе имаме и кандидат за мандатар  по принципот на европските демократи. Тој што ќе биде кандидат за мандатар да не биде кандидат за пратеник, победуваш на избори- формираш влада, поразен си на избори од народот, заминуваш од политика. Не, да се криеш во пратеничкиот мандат и со пратеничкиот имунитет, излези- барај ја довербата од граѓаните, ако победиш-мандатар си, ако загубиш заминуваш во политичка пензија.

Го нема да каже, нема да одговори позитивно затоа што знае, свесен е дека губи, знае и свесен е дек катастрофално губи на 12 Април и знае дека потоа следува одговорност и сака да се крие позади пратеничкиот мандат и имунитет, го нема да излезе, да не погледне нас граѓаните очи во очи и да каже да прифаќам фрлената ракавица, па нели блескаме, нели е сигурен дека ќе победел од 60 до 100 илјади разлика. Па јас да сум сигурен толку, еве јас ја прифаќам таа фрлена ракавица да изгласаме и да не бидеме на пратеничките листи да не бараме имунитет и заштита во мандатот. Кој победува формира влада, кој губи заминува во политичка пензија. Четвртото барање кое што му го упативме нему и на СДСМ а ги гледаме молчат, бегаат се препелкаат  уплашени се, ги нема никаде, а тоа беше барањето за предвремена ратификација на протоколот за приклучување на Македонија во НАТО Алијансата. Не затоа што сакаме да одиме пред време туку затоа што сакаме на Зоран Заев да му покажеме и докажеме какви европски вредности вистински споделува ВМРО ДПМНЕ, за да му покажеме дека нема алиби да се препелка и да ја лаже македонската јавност дека наводно ќе задоцнело ратификувањето на протоколот и затоа ќе морал да ги одложи изборите.

Ајде поддржи ја господине Заев иницијативата на 31 пратеник од парламентот подржана од неколку опозициони други политички  партии и предвремено да го изгласаме протоколот и да немаш алиби за дополнително одложување и соочување со граѓаните да си остане 12 aприл денот на почетокот на крајот на твојата политичка кариера.

Уште многу други работи ги гледаме почитувани ѓорчепетровци почитувани скопјани мои сограѓани, уште многу други работи гледаме како се препелкаат немаат одговор бегаат се срамат, се плашат, безидејни се. Им останаа заканите , уцените, лагите, му ветиле ова, му ветиле она. Никој никому ништо не ветува, народот е тој кој што дава но народот е тој кој што зема. Народот на 12 aприл ќе му го покаже местото на овој политички измамник, народот е тој кој што ќе му даде еден громогласен одговор на дилемата дали блескаме или потешко никогаш не било во Македонија. Народот ќе даде одговор на целиот овој примитивизам на сето она понижување, омаловажување. Народот ќе застане наспроти сиот криминал и корупција кои што се случуваа овие три години. Народот ќе ја залепи скинатата жица и народот ќе си го најде семето и ќе ја обновиме заедно Македонија од овој пепел во кој што ќе ни ја остават СДСМ и Зоран Заев веднаш после 12 aприл 2020 година.

Ние нема да ветуваме се , ќе се изнаслушате се и сешто и ветувања и очекувања во периодот кој што следува , подготвени се се да ви кажат. Ние не сме како нив затоа што доколку и ние влеземе во една таква трка на лажни ветувања тогаш чуму би застанале пред вас и би ја барале поддршката ако сме сите исти. Ние не сме исти. Ние имаме честит пристап, тоа што ќе го ветиме тоа и ќе го испорачаме. Јас сум сосема свесен за сето она разочарување кое што е присутно, јас сум сосема свесен дека така лесно довербата нема да се заслужи без разлика кој и да застане наспроти народот. Но исто така сум свесен дека народот ќе ја препознае нашата искрена и честита намера, намера ќе го препознае она кое што како порака ќе го испраќаме во периодот кој што следи. Свесен сум дека на народот му е преку глава и сака овие политички измамници да заминат и свесен сум во огромна победа на 12 aприл 2020 година за подобро утре на генерациите што доаѓаат, и генерациите кои што денеска живеат заедно со нас во Македонија.

Сакам уште еднаш сосема на крај да ви се заблагодарам за денешното присуство, не очајувајте и немојте да бидете разочарани не сакам лажна надеж никому да давам нема да дојдат успесите преку ноќ ќе треба многу работа ќе треба крв пот и солзи заедно да лиеме, и заедно да си ја обновуваме Македонија, ќе треба време затоа што никој ништо денеска за бадијала не дава ако самите не се избориме за тоа. Но јас ви ветувам стојам вака пред вас и очи во очи ве гледам, дека заедно со вас рамо до рамо и во кал и на снег и под  дожд заедно ќе работиме и заедно ќе копаме ровови за да ги поставиме темелите на новата обновена Македонија. Заедно ќе ја водиме револуцијата а јас ќе бидам со вас во првите редови, нема да се кријам по топлите кабинети и нема да газам дебели црвени персиски килими по скапи хотели. Заедно со вас и во Волково и во Кучевичка бара, и во Чешиново и во Облешево и во Центар и Куманово и Гевгелија и секаде низ Македонија од Дебар до делчево од Гевгелија до Куманово ќе бидам со вас и во градови и во села и на нива и на булевари и на улици и по плоштади Македонија заедно да си ја обновиме.

Да сте ми здрави и живи, да ни е вечна и вековита Македонија. Ви благодарам уште еднаш од срце.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега