Мицкоски: Заев не 12, туку и 100 милијарди може да вети, но никој веќе не верува во тоа

„Може Заев и 100 милијарди да каже, има една изрека – што значи за човек еден тон, така и он можеше да каже и 100, јас не знам зошто тој кажа 12 милијарди. Не мислам дека некој во Македонија верува на тоа што ќе го каже Зоран Заев. Повторно ќе кажам народот е свесен изминативе 52 месеци што се случуваше во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски по изјавата одговарајќи на новинарски прашања во Кочани.

Мицкоски додаде дека во Македонија народот е апсолутно свесен на лошите политики кои што во изминативе 52 месеци ги носеше владата на СДСМ и ДУИ.

„Народот е апсолутно свесен, тоа го покажа во првиот круг, а тоа ќе го покаже и во вториот круг. Така што мене нема да ме чуди ако утре кажат и 100 милијарди дека ќе инвестираат, но за жал единствено нешто што добивме беа порази, криминал, корупција и распродажба на сето она кое што во минатото некој со својот живот го платил“, укажа Мицкоски.

27.10.2021 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа