Мицкоски: Заев состави пластелин коалиција - сите во неа се незадоволни

Во денешната изјава за медиуми во Штип, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во врска со незадоволството и ставовите на одредени владините коалициски партнери, истакна дека владината коалиција е пластелин коалиција, коалиција која има за цел да го продолжи политичкиот век за неколку недели на врхушката на СДСМ, а во која не се знае кој е задоволен затоа што сите се незадоволни.

-Сите се таму незадоволни, во разговори со мене сите се незадоволни, таму не се знае кој е задоволен, дури и во СДСМ меѓу себе изразуваат незадоволство, ова е пластелин коалиција, коалиција за неколку недели да биде продолжен политичкиот век на траење на неколкумина од врхушката на СДСМ, рече Мицкоски.

Тој истакна исто така дека оваа коалиција е само обид во режија на Зоран Заев за доуништување на она кое остана од Македонија.

-Жалам што мораме да бидеме сведоци уште некоја недела на она коешто го приредува Зоран Заев и СДСМ, но ние ќе се бориме со сите демократски алатки коишто ни стојат на располагање, час поскоро да издејствуваме предвремени парламентарни избори, изјави претседателот Мицкоски од Штип.

07.12.2021 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега