Мицкоски: Жалам што премиерот и министрите во владата не можат да ја надминат својата суета

 

Жалам што премиерот и министрите во владата во вакви исклучително сложени и важни моменти за Македонија, граѓаните и стопанството никако не можат да ја надминат својата суета, еднаш да го остават политиканството и да се стават на страната на државата и граѓаните, порача опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски.

Мицкоски напиша на Фејсбук дека побарал средба со премиерот Димитар Ковачевски за да го образложам концептот за оваа но и за следната година, како да се оптимира искористувањето на домашните ресурси и да се обезбеди ефтин енергенс, но тој одбил.

„Го повикав на ТВ дебата пред македонската јавност, повторно дезертираше, одби со изговор дека не било сега време. Го повикав и Фатмир Битиќи како одговорен за економски прашања во владата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, одби да дојде и ме повика на економски совет да сум го презентирал концептот, бидејќи така успешно работеле за корона пандемијата итн… Последни во Европа почнавме со вакцинација откако баравме милост насекаде да ни дадат донација вакцини, додека владата преку фирма од Хонг Конг со основна дејност трговија со јужноамериканско овошје се обидуваше да испазари дебели провизии од набавката на вакцините. Една од највисоките смртности од ковид имаме во Европа. Во Тетовската модуларна болница, ковид пациенти живи изгореа и што ли уште не…, но според Фатмир Битиќи успешно сме се справиле со ковид кризата“, пишува Мицкоски на социјалните мрежи.

02.10.2022 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега