Мицкоски: Зоран Заев да престане со демагогија и нови лажни ветувања
Зоран Заев да престане со демагогија и нови лажни ветувања, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
„Еве ја вистината:
Доколку замислиме дека буџетот е 1000 денари, Зоран Заев троши:
127 денари за плати,
86 денари за стоки и услуги коишто за жал никој не знае што се,
дури 487 денари троши за поткуп на гласачи и купување социјален мир,
288 денари се трошат на пензии,
само 139 денари за здравствена заштита во време на најжестоката корона криза,
159 денари за непродуктивни трошења, патувања, ручеци и сл,
само 93 денари за капитални инвестиции,
и во исто време го задолжува народот за 141 денари!“ пишува во својата Фејсбук објава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа