Мицкоски: Зошто она што требало во најлош случај да издржи 2 часа, изгоре за 2 минути?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска во статус на Фејсбук напиша дека информациите за материјалот кој е користен за градба на модуларните болници ја надминува моралната одговорност на надлежните.
Прашува зошто во набавката за модуларните болници се барале лесно запаливи PUR панели, не се барало атест за квалитет и зошто немало противпожарна заштита.
– Со набавката направена од Министерството за здравство се бара монтажните болници – контејнери да бидат составен од ѕидни и кровни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни. Никаде не се бара да се достави атест од производител на било кој материјал што е вграден во модуларните болници. Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација. Покрај тоа што не се бара елаборат (проект) за ПП заштита, исто така не се бара да бидат запазени минималните барања за ПП заштита за ваков тип на објекти (здравствени установи), пишува Мицковски.
Додава дека според Правилникот за заштита од пожари, овие објекти спаѓаат во категоријата Г за која важи дека мора да бидат огноотпорни минимум два часа, а болницата во Тетово, како што вели, изгоре за две минути.
Според Мицковски, сето ова ја надминува моралната одговорност на надлежните. Смета дека треба да се спроведе објективна истрага.

15.09.2021 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега