Михаиловска: Теренската вакцинација се одвива одлично, граѓаните да се вакцинираат

Процесот на масовна имунизација против Kовид-19 се одвива непречено и со засилено темпо низ целата држава. Сега секој граѓанин, без разлика дали има закажан термин за вакцинација или не, може да се вакцинира во некој од здравствените домови, информира пратеничката на СДСМ Соња Михаиловска.

Појасни дека паралелно се одвива и процесот на теренска вакцинација во руралните средини, каде што жителите на овие населени места се посетувани од мобилни здравствени екипи кои ќе вршат имунизација на населението.

„Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови во градовите, со локалната самоуправа и месните заедници.Моменталната епидемилошка слика, доволниот број на вакцини, се идеални услови за што поголем број луѓе да се вакцинираат. До вчера вкупно се аплицирани над 676.000 дози вакцини, а ревакцинирани се над 248.000 граѓани“, истакна таа.

Додаде дека сите вакцини се безбедни по здравјето на граѓаните и ефикасно штитат од последиците од коронавирусот.

14.07.2021 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега