Михајловски: Нападнати сме од домашниот предавник, тоа е Заев, треба да го исфрлиме и да продолжиме да живееме горди

Тони Михајловски на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ под мото „Оставка на Заев, слобода на народот“ порача дека сега е време сите заедно да се сплотат и да му се спротивстават на предавникот Зоран Заев. 

„Јас сум Македонец, мојата земја е Македонија, јазикот кој го зборувам е македонски.  Ова е еден од најцрните денови кои сме ги живееле, кога ни било забрането да зборуваме на македонски јазик и да се раѓаме као Македонци.  Не ни веруваме дека човек може да е волку предавник и да му е толку трула душата и да може да се одроди толку од сопствениот народ. За жал таквиот е роден меѓу нас и се вика Зоран Заев“, рече Михајловски. 

Михајловски укажа дека е сега моментот кога треба да се заборават ситните интереси и да си подадеме рака без разлика на идеологиите, филозофиите, јазикот кој го зборуваме и да застанеме во одбрана на јазикот и држава.

„Нападнати сме од домашниот предавник, треба таа змија да ја исфрлиме и да продолжиме да живееме горди. Овде сме да повикаме на заедништо, да застане брат до брат, да му плукнеме на овој изрод и да го отераме на ѓубриштето на историјата, да покажеме дека сме единствени, да покажеме дека не му се плашиме на Заев. Да излеземе сите еден до еден и додека не замине да не се враќаме во нашите домови“, рече Михајловски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега