Мијалков немал што да го праша Верушевски за „бомбите“

На денешното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“ одбраната требаше вкрстено да го испрашува сведокот Зоран Верушевски, но тие се откажаа од ваквото право.

 

-Немаме прашања, му се обрати обвинетиот Сашо Мијалков на судот, пренесе Фокус.

Претходно Ленче Ристеска побара од судот да постави дополнителни прашања на сведокот Верушевски, но судот го одби ваквото барање. 

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Биле прислушувани над 20 илјади граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега