Мијалков осуден на 8 години затвор за „Трезор"

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беше изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Судот ги прогласи за виновни Сашо Мијалков и началниците Тони Јакимовски, Небојша Стајковиќ и Горан Грујевски кои одговараа за злоупотреба на службена положба и помагање во судскиот случај „Трезор".

Сашо Мијалков доби единствена казна затвор во времетраење од 8 години,  Тони Јакимовски доби 5 години, Небојша Сајковиќ 5, години, а Горан Грујевски кој е во бегство во Грција доби 15 години затворска казна.

Сите четворица обвинети од Судот се задолжуваат солидарно да ја надомест штетата направена на буџетот на државата.

Воедно, со пресудата се конфискувани срества во износ од 10.819.959 денари на Финзи.

Против пресудата дозволена е жалба во рок од 15 дена до повисокиот Апелационен суд.

Предметот се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Според обвинението, наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, обвинетите договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, со што успеале да злоупотребат средства од буџетот на државата. Согласно обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра од буџетот на државата.

Застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа