Мијалков за новите „бомби“: Со Заев ниту сум се договарал, ниту имам договор, првпат слушнав за такво нешто

Со Зоран Заев ниту сум се договарал, ниту имам договор. Прв пат слушнав за такво нешто од разговорот кој го објавија некои портали, каде што се споменува моето име, вели Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, откако денеска беа објавени аудио снимки, на кои се слуша гласот на Зоран Заев како разговара со непознат соговорник и бара „Сашо“ да ја повлече финансиската инспекција од општината Струмица и да се каже дека не е пронајдено ништо сомнително, пренесува „Плусинфо“.

– Во објавениот разговор не знам ниту за кој Сашо се мисли, но порталот Инфомакс, кој прв го објави разговорот преземен од останатите, извлекува некаков заклучок и ме инволвира мене без воопшто да се обидат да ги проверат информациите. Подолг период истиот портал се обидува да ме дискредитира со невистини и лажни вести. Од ваквите напади најголема штета трпи ВМРО- ДПМНЕ. Малкуте медиуми кои се јасно критички настроени кон власта наместо да се насочат кон анализа на пропустите на оваа влада изминативе три години, тие на неколку дена пред избори се посветуваат на пласирање невистини против мене. Погрешна стратегија, која нема да донесе подобар резултат, а треба да се надминат 454. 577 гласови освоени во 2016 со ваква власт – вели Мијалков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега