Миланов: Вељаноски правилно ја водеше конститутивната седница

На денешното рочиште за случајот за настаните на 27 април, како сведок се појави Стојан Миланов, пратеник од Социјалистичката партија. Тој беше заменик на претседавачот Трајко Вељаноски за време на конститутивната седница.

Миланов кажал дека добро се сеќава на настаните од 27 април и истакна дека Вељаноски постапувал правилно во врска со тоа дека не дозволувал да се прејде на друга точка и за тоа дека тој ја водел конститутивната седница, пренесува „Република“.

Миланов објаснил дека СДСМ барале седницата да продолжи следниот ден на 28 април и оти Вељаноски тоа го прифатил.

Прашан дали постоел некаков план за насилство тој ден тој рече дека такво нешто немало.

„Немаше никаков план за насилство на 27 април ниту, пак, од Кратово беше организирано одење за Скопје“ – објаснил пратеникот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега