Миленковски: Знам дека ви се закануваат, тие не ве почитуваат, во недела ќе ја добијат казната

Мислеа дека се семоќни, но и покажавме дека не се најдобро за вас, порача кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Маријан Миленковски на вечерашниот митинг.

Според него на актуелната локална власт требало да им е јасно дека морале да работат секој ден во изминатите четири години.

-Затоа е време за промени, за нов тим кој ќе работи секој ден. Само за во Злетово имаме многу работа ќе направиме затворен пазар, ќе ја реконструираме главната улица Македонија, ќе го реконструираме фудбалското игралиште, ќе го решиме проблемот со колекторскиот систем. Промени и многу проекти ќе има не само во Злетово, туку и во Пробиштип. За сите ќе направиме по нешто, рече Миленковски.

Тој укажа дека општината ќе биде тука за граѓаните.

„Во наредните четири години општината ќе субвенционира јавен превоз од Злетово до Пробиштип, бидејќи вие го побаравте тоа“, рече Миленковски.

Тој укажа дека до промените остана уште малку.

-Остана уште многу малку, малку не дели до промените. Знам дека ви се закануваат, тие не ве почитуваат. Тоа не е дозволиво. Затоа во недела ќе ја добијат казната“, заклучи Миленковски.

Најави и нови проекти во Општина Пробиштип и како што рече нема да има заборавени населени места.

27.10.2021 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега