Милевски: Ако излеземе од оваа Влада, тоа ќе значи нови избори

Власта остана без мнозинство во Собранието и на располагање беа или нови избори или да направиме некој компромис, коалиција со други партии за да се зголеми парламентарното мнозинство. Алтернатива го искористи тоа и направи договор со кој зеде места коишто не кореспондираат со нивната сила на терен, вели Горан Милевски, лидер на ЛДП и министер за локална самоуправа во неделното интервју на Радио слободна Европа.

За договорот Заев -Гаши со кој Алтернатива прифати да влезе во владата Милевски вели дека тој договор е практично направен со одредена уцена.

„..бидејќи власта остана без мнозинство во Собранието и на располагање беа или нови избори веднаш, при разнишан рејтинг на сите владејачки партии, или да направиме некој компромис, коалиција со други партии за да се зголеми парламентарното мнозинство. Алтернатива го искористи со тоа и направи договор со кој зеде места коишто не кореспондираат со нивната сила на терен, меѓу гласачите“.

Запрашан дали ЛДП разговарале за ново парламентарно мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ, Милевски вели:

„Ако ние излеземе од оваа Влада, тоа ќе значи нови избори, одење на избори, а не креирање на ново парламентарно мнозинство, бидејќи за ново парламентарно мнозинство, како ЛДП сметаме дека за тоа треба да добиеме мандат од граѓаните, а не врз основа на политички интриги во рамките на Парламентот, така што во таа насока јас ве уверувам дека ако ние излеземе од Владата тогаш неминовно ќе биде одржување на нови предвремени парламентарни избори“, вели лидерот на ЛДП.

Целото интервју на следниот ЛИНК

13.12.2021 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега