Милосављев сонува со отворени очи: „ Се уште сум во облаци“

Голманот на скопски Вардар, Србинот Дејан Милосављев со отворени очи го сонува својот сон. Тој во интервју за српски „Новости“ вели дека се уште е во шок по освоената титула со Вардар во ЛШ, но и поради еуфоријата во Скопје при пречекот на ракометарите од Келн.

„Овде е лудница. Не смеам ниту на улица да излезам. Се делува неверојатно. Македонците искрено го сакаат ракометот, не се фолираат. Се уште не можам да си дојдам на себе по феноменалниот Ф4 во Келн. Морам да ги погледнам двата натпревари, полуфиналето со Барселона и финалето со Веспрем затоа што не се сеќавам на првите 15 и последните 15 минути“ – вели Милосављев во телефонски разговор за српскиот медиум.


Голманот признава дека се уште се привикнува на друштвото на „големите“ во светскиот ракомет.

Минатата година во родното место со помладиот брат гледавме Ф4 и им се возхитувавме на легендите. Се сеќавам кога му пристапив на Вардар и кога влегов во соблекувалната, се ми изгледаше неверојатно, затоа што бев во друштво на легенди. А сега сум со нив“ – вели популарниот „бејби Штербик“.

Тој потенцира дека многумина ги потценувале, велејќи дека немаат квалитет, а сега истите тие им симнуваат капа. Милосављев вели дека екипата во Келн делувала какo големо семејство.

„Проблемите во клубот не соединија, си помагавме едни на други, проработе нашиот балкански инает. Во финалето се гледаа и солзи во очите кај играчите, не размислувавме за пари, за договори, се беше повеќе од игра“ – вели тој.

Младиот голман ја заврши едногодишната авантура во Вардар на најдобар можен начин, со европска титула. Тој следната сезона ќе ги брани боите на германски Фуксе Берлин, во Бундеслигата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.06.2019 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега