Милошоски: Ако власта бутка онлајн седници на мускули ќе се соочи со политичка криза

Власта ќе се соочи со сериозна политичка криза ако се обиде на мускули да истурка одлука за онлајн седници. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува против идејата поради КОВИД пандемијата седниците на Собранието да се одржуваат онлајн. Пратеникот на опозициската партија Антонио Милошоски вели дека онлајн седниците се надвор од Уставот.

"Ако власта избутка онлајн седници на мускули на краток ќе се соочи со политичка криза а на подолг рок со можноста тие закони да паднат на Уставен суд бидејќи би биле донесени во процедура која е спротивна на Уставот" - вели Милошоски.

Во моментов двајца пратеници од мнозинството се позитивни на ковид што значи дека не можат да гласаат а без нивните гласови власта нема мнозинство.

На одобрување во Собранието чека заем од Светска банка но и значајни процедури како ребалансот на Буџетот па власта се надева дека со онлајн седници ќе може да обезбеди мнозинство. Од опозицијата велат дека единствен начин во согласност до Уставот да се обезбеди мнозинство е власта да прифати амандмани од опозицијата и на тој начин да ја обезбеди поддршката и од тие пратеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега