Милошоски: Царовска да ги послуша родителите, квалитетно образование мора да има

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната посета во општина Свети Николе во однос на дигитализацијата на учебниците и неотстапувањето на МОН и министерката Царовска истакна дека аргументите на родителите се посилни од аргументите на министерката Царовска и затоа препораката до министерката Царовска е да ги послуша родителите кои што имаат целосно право да се грижат за квалитетно образование за нивните деца а образованието мора да се грижи да има реална физичка настава за учениците што поскоро.

„Од она што го гледаме во јавноста нашето мислење е дека аргументите на родителите се посилни од аргументите на министерката Царовска и затоа нашата препорака е министерката Царовска да ги послуша родителите кои што имаат целосно право да се грижат за квалитетно образование за нивните деца и овој закон треба да има јавна расправа и да се слушне стручната јавност родителите и наставниците а не да биде политички проект на министерката Царовска затоа што постојат шпекулации дека ова го прави од лукративни причини веројатно поврзани со некоја фирма која што е Хрватска фирма и со која што можеби имаат некакви однапред утврдени планови за некои материјални интереси поврзани со процесот на дигитализација но нашето мислење е дека книгата треба да остане конвенционалниот метод кој што ќе доминира во образованието на учениците и дека образованието мора да се грижи да има реална физичка настава за учениците што поскоро“, истакна Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега