Милошоски: Дали Њујорк стана дипломатски џубокс?

Дали Њујорк стана дипломатски џубокс? – прашувa шефот на собраниската комисија за надворешна политика. кој смета дека доколку министерот за надворешни работи Бујар Османи предложил, а владата донела одлука за Генерален конзул на Македонија во Њујорк да ја именува ТВ-презентерката Бесмира Ејупи, тогаш одлуката е спротивна на Законот за надворешни работи.

Имено, во чл.49 од Законот, прво е наведено дека по правило за Генерален конзул се именува дипломат со високо дипломатско звање од МНР. По исклучок, доколку не е кариерен дипломат, тогаш треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи. Бесмира Ејупи можеби е амбициозна, но не ги исполнува законските услови за Генерален конзул, бидејќи ниту е дипломат со високо звање во МНР, ниту сме забележале дека е афирмирана личност во надворешната политика”, објави Милошоски кој вели дека истото важи и за лицето Петрит Муслиу, на кого владата му ја исполниле желбата да биде Генерален конзул во Чикаго.

И оваа владина одлука е незаконита, бидејќи и Петрит Муслиу не е дипломат со високо звање во МНР, ниту е афирмирана личност во надворешните односи. Тоа што неговиот шура Каевски е пратеник од СДСМ, или што неговиот татко е провладин аналитичар на ТВ дебати, не може да биде основ за релативизирање на законските услови, вели екс шефот на дипломатијата.

Според Милошоски со овие незаконити одлуки за генерални конзули може да се поврзе и спорната номинација на Проф.Фрчкоски за амбасадор во ООН во Њујорк, кого официјален Вашингтон со сериозни забелешки го одби за амбасадор во Америка.

Сума сумарум, испаѓа дека Њујорк станал дипломатски џубокс каде желбите на владините миленици се побитни од десетиците професионалци во МНР кои со години ја градат кариерата, а не добиваат фер шанса за ангажман”, објаснува првиот човек на телото за мониторинг на дипломатијата во Парламентот.

17.02.2022 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега