Милошоски: Димитров и Османи најголеми кловнови поради лагите на Зеав

Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук потсетува на сите, како што вели, лаги на Заев во однос на датумот за преговори со ЕУ и бара одговорност и оставки.

 „Лажгото, кловновите и датумот за ЕУ

Заев во јули 2018 во Собрание лажеше дека датумот за ЕУ е добиен, навредувајќи ги пратениците од опозицијата, истовремено манипулирајќи ги и своите гласачи и симпатизери.
Најголеми кловнови од ваквите лаги на Заев, и тогаш и денес, испаднаа министрите за надворешни и евроинтеграции, Османи и Димитров, кои климаа со главите додека Заев ги лажеше граѓаните.
Истите министри денес бегаат од дискусија во Собранието, додека премиерот продолжува со лажењето. Последната лага на Заев е дека тој веќе го подготвил македонскиот народ за блокадата и недобивањето датум. Брука!
Време е за оставки!“ напиша Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2020 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега