Милошоски: Филипче плаќа Синофарм вакцини 62 долари, а Перу истата ја купила за само 26, дали фантом фирмата била за провизија

Ако авансот од 12,5М$ е за 200.000 кинески вакцини, како што кажа Филипче дека потпишал договор во февруари, тогаш Синофарм вакцина би чинела 62$, а Перу истата ја купил за само 26$, пишува на фејсбук Антонио Милошоски.

„Како е можно во случајот со “Стабри”, фантомската фирма од Хонг Конг со само тројца вработени, да се обезбеди оваа банкарска гаранција од 12,5М$ и преку кој контакт оваа фирма станала партнер од доверба на министерот за здравство?

Дали во соработката со оваа фантом фирма Заев и Филипче виделе шанса за голем профит преку вакцините, прилика за провизија или повторно се работи само за перцепција на граѓаните“ пишува Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2021 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега