Милошоски: Имало затворена седница на Владата на која што Бесмира Ејупи била именувана на генерален конзул на РС Македонија во Њујорк

Имало затворена седница на Владата на која што госпоѓата Ејупи била именувана на генерален конзул на РС Македонија во Њујорк. Ова го изјави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Дебати на ТВ Шења.
Милошоски за ова свое тврдење се повика на извори од МНР и од Владата на РС Македонија.

Поранешниот министер за надворешни работи тврди дека одлуката за Бесмира Ејупи е донесена намерно на затворена седница за да им се ускрати правото на медиумите на достап до јавна информација.

Тој истакна дека именувањето е повлечено заради реакцијата на јавноста и додаде дека тврдењето на министерот Османи дека такво именување воопшто не се случило не е вистина.

„Не сум слушнал дека госпоѓата Бесмира Ејупи или господинот Петрит Муслиу биле афирмирани во меѓународна политика или во надворешни односи“, извјави Милошоски додавајќи дека тоа е плод на девијацијата на луѓе што се предолго на власт, кои сметаат дека нивните желби се посилни од законските норми.

18.02.2022 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега