Милошоски: Имаме над 61 пратеник - иницијативата ќе биде технички модифицирана

ВМРО-ДПМНЕ и пратениците кои се надеваат дека ќе и изгласаат недоверба на Владата најавуваат дека иницијативата нема да биде повторно поднесена, туку онаа која веќе е во Собранието ќе биде само технички модифицирана

„Иницијативата останува, а деловникот дозволува истата да биде технички корегирана. Ќе направиме техничка корекција, да даде простор на одредени пратеници да се пронајдат себе си со своите забелешки Иницијативата ќе биде технички корегирана и ќе остане во процедура, на истата ќе има помал број на потписи, а ќе има поголем број на гласови од 61 кои ќе гласаат за недоверба“, изјави Милошоски и додаде дека на не може да зборува во име на други партии

Утрешната седница во Собранието започнува во 11.00 часот, а Милошоски очекува гласањето да биде пред полноќ и премиерот Зоран Заев да направи мирна транзиција на власта.

 

10.11.2021 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега