Милошоски: Како држава, подобро е да сме претпазливи кон ветувањата, отколку повторно разочарани
За да се процени кредибилноста на изјавата на германскиот канцелар Шолц, дека нема да има нови услови од Бугарија освен нивното наметнато барање за измена на Уставот, корисно е да се потсетиме на изјавите на претходната канцеларка Меркел од 2018 и 2020 година, кога исто така од владата во Берлин беа дадени озбилни ветувања за интеграцијата во ЕУ, од кои до денес ниту едно не е исполнето, и покрај болните и изнудени измени на Уставот на Република Македонија, пишува на социјалните мрежи Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
„Затоа, како држава кон ветувањата од ЕУ, подобро е да сме претпазливи, отколку повторно разочарани“, вели Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа