Милошоски: На лидерската Заев рече дека Јанева излегува од Шутка за 10 дена

„Заев најави дека за десетина дена Јанева од Шутка ќе се префрли во куќен притвор. Како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени" - праша Милошоски изнесувајќи став за последната лидерска средба.

Тој посочи дека власта првично се согласила опозицијата да го предложи шефот на новото обвинителство за организиран криминал но кога било побарано ова обвинителство да го преземе случајот Рекет преговорите пропаднале.

"Јасна е спрегата меѓу владата, обвинителството, судовите и Катица Јанева. Власта ќе направи се случајот Рекет да не дојде во рацете на независен обвинител" - потенцираше Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега