Милошоски: Немаме нова Влада, затоа се потребни предвремени парламентарни избори

„Во јуни не очекувам Македонија да добие датум, за жал. Затоа што Бугарија се гледа дека ја има добро научено и ја повторува лекцијата од сервилноста на македонската Влада кон Грција. Иако тие забежале дека македонската Влада актуелна е сервилна кон една земја членка и само прашање на време е кога таа сервилност ќе даде производ посакуван за земјата – членка на ЕУ,колку и да е тој непринципиелен, тогаш ја научиле таа лекција дека треба да ја повторат и да бидат упорни во тоа барање и да ја натераат македонската Влада да потпише нешто што не е во наш интерес. И затоа сметам дека ова не е инцидентно и не се поединци во прашање кога зборуваме за Бугарија, туку се работи за пристап на нивните институции, за нивното Народно Собрание, претседател на држава, и за целата Влада. Јас не викам дека сите политички партии во Бугарија размислуваат унисоно, или сите политички актери, но сметам дека нивниот пристап кон Македонија е прилично добро синхронизирано. И затоа треба Македонија да биде покатегорична и во случајот на вакви изјави кои што се дадени или од европратеници, или од пратеници во бугарското Народно Собрание или од претседателот на соседна Република Бугарија. Некогаш треба македонското МНР да вложи и протестна нота“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на 24 телевизија.

Милошоски додаде дека македонското МНР некогаш на недоличните изјави од Бугарија треба да вложи протесна нота, да изрази револт, дададе вербална нота, да покаже што Македонија ја повредува. Врз основа на европските принципи. Ако се премолчува само во интерест за да не се дига тензија и да нема конфликт тогаш во иднина ќе се има само понеприфатливи и се попровокативни изјави.

„Оваа политика на молчење, сервилност и нетранспарентност кон македонската јавност и кон амкедонското Собрание сметам дека не е продуктивна за нашата дипломатија“, рече Милошоски.

Милошоски во текот на емисијата се осврна и на активната блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на престојниот народен протест на 18-ти јуни. Тој посочи дека според него самата потреба која што општеството ја чувствува за подобрување и за промени, губењето на легитимитет на власта на локалните избори која што самата владејачка коалиција тоа го наметна и токму тоа говори дека е време за предвремени парламентарни избори.

19.05.2022 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега