Милошоски: Од 2017-та година граѓаните слушаат дека добиле датум за преговори, но датумот никако да стаса

„Македонија уште во 2001 година го потпиша процесот за стабилизација, асоцијација со ЕУ, потоа 2004 година поднесе апликација за членство,2005-та година доби кандидатски статус, 2009-та година ја добивме првата препорака дека државата е спремна да ги отпочне преговорите за членство од ЕК. А, 2010 година ја добивме визната либерализација итн. Но, заради блокадите од соседните земји – членки на ЕУ кои што во случајот Чешка, Словачка, па и други држави соседите им биле промотори на нивното членство, кај нас за жал се поставија како кочничари и денес се наоѓаме таму каде што сме. И сериозно сме загрижени дека процесот на полноправно зачленување не само на Македонија туку и на околните држави од Западниот Балкан во иднина може да станува покомплицирано“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на 24 телевизија.

Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека во овој дел Владата треба да биде поагилна и македонската дипломатија поконкретна. Бидејќи самата платформа на сегашната владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ, и референдумот, и сите тие музички прослави и настани беше за европска Македонија. И од 2017-та година до денес секое полугодие македонските граѓани слушаат дека добиле датум, но датумот никако да стаса.

„Имавме и една легендарна фотографија за веќе добиен датум, но гледаме дека нема ништо од тоа и за жал тапкаме во место“, појасни Милошоски.

„Мислам дека и во минатото имало обиди на други земји членки, еве конкретно на Грција кога се носеле резолуции за Македонија во Европскиот Парламент да се наметне нивното барање во тие резолуции на ЕП. Но, ЕП секогаш бил иако можеби најмалку одлучувачки во носењето на битни стратешки потези секогаш бил најпријателски расположен кон земјите кандидати вклучително и кон Македонија. И ЕП не дозволувал дополнителни условувања особено не со билатерални прашања“, потсети Милошоски.

Милошоски додаде дека ова што сега се случува со Македонија и Бугарија, се случува за првпат. А, тоа значи дека ваквиот исход на резолуцијата во ЕП може да се објасни со две работи. Прво, намалено расположение кај самите земји – членки за проширувањето. И второ, намалена активност на македонската дипломатија и на МНР.

„Јас можам да посведочам дека ние и како пратеници претходно во било кој претходен состав но и како дипломатија секогаш кога се подготвувале резолуции тоа не е резолуција од денес за утр, тоа е резолуција која што се подготвува неколку месеци. И на дипломатијата е да ги најде своите пријатели помеѓу пратениците, кај различни пратенички групи во ЕП и да гледа резолуцијата да биде што поповолна и да нема вакви неповолни условувања како во оваа резолуција. И сметам дека тоа потфрлање на активноста на министерот Бујар Османи, на којшто му беше побитно да номинира за амбасадор во Брисел, својата колешка сопартијка, која што за жал доживеавме за првпат од ЕУ да имаме и одбивање и неприфаќање на една номинација на госпоѓата Теута Арифи, наместо да ја посвети енергијата на наоѓање на повеќе пријатели во ЕП, пратеници кои што би се заложиле ваквите еднострани би рекол барања на Бугарија да не бидат дел оваа резолуција“, рече Милошоски.

19.05.2022 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега