Милошоски: Османи е должен во собранието да се појави и да објасни што преговараат со Софија

Втор ден блокади на раскрсниците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, поради како што велат тајните преговори на власта со Софија и распродажбата на македонските корени. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски беше запрашан околу изјавата на министерот Османи, а тоа е дека МНР е отворено за било кој да дојде и да се информира околу ова прашање.

Прашање: Министерот Османи изјави дека МНР е отворено и дека ако партискиот лидер Мицкоски или некој од опозицијата сака да се информира може да дојде во министерството и да добие информации за овој договор? Кој е вашиот став?

-Министерот за надворешни работи, Бујар Османи може во МНР да го покани Никола Димитров за да имаат подобра координација, може да го покани Артан Груби или може да го покани Зоран Заев за да си разговараат за коалиционите работи, но како избран од Собранието на Република Македонија, министерот Османи законски има должност пред Собранието да се појави тој и на пратениците како народни избраници да им објасни за што тајно се преговара во Софија и кој го овластил Бучковски да преговара нови анекси на Договорот со Бугарија, рече Милошоски.

09.06.2021 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега