Милошоски: Потребен е закон за Уставен суд и таквиот да биде поддржан од сите пратеници
- Доколку биографијата ја добиеле пратениците од ВМРО, од СДСМ, од ДУИ, од независните пратеници, можеби некој ќе се заинтересирал и ќе дадел предлог. Но, очигледно е дека овде предлозите не се создаваат во Собрание, ниту пак биографиите кои толку многу сега ги величиме како да објаснуваат сѐ во животот на еден човек стручно или приватно – не се ценат. Нејзината биографија е фрлена во корпа, а е стигната, го имаме и архивското бројче и датумот кога е дојдена. Секој претседател на работно тело е должен, секој материјал кој ќе стигне до него, а не е личен, приватен материјал и се однесува на Собранието и пратениците мора да го сподели со пратениците. Ако вие како новинар нам ни понудите или имате некоја инвентивност за начинот државата да помогне во финансирањето на медиумите, јавни реклами, државни или јавно корисни реклами и тоа го доставите до претседател на работно тело, на комисија, тогаш комуникацијата не може да биде само меѓу вас како новинар и претседателот на Комисијата, тој е должен вашиот допис и предлог да го сподели со сите пратеници – кажа Милошоски.
Милошоски додаде дека сите кандидати треба да добијат простор за нивно претставување и бидејќи има тројца кандидати кои се предложени од владејачкото мнозинство, а шестмина од опозицијата, веројатно ќе се оди со еден кандидат на власта, дискутирање за него и гласање, потоа двајца кандидати од опозицијата итн за да се заврши во еден догледен рок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа