Милошоски: Штети насекаде, одговорност нема никаде

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил сподели инфомавија која на денешен ден се случила пред три години.

Имено како што напиша пратеникот Милошоски, власта на Заев и СДСМ пред три години ги лажела дека народот гласал за нив и дека ќе донесат бесплатни здравствени услуги низ цела Европа.

-На денешен ден пред три години, со народни буџетски пари, власта го лажеше народот дека гласа “ЗА бесплатни здравствени услуги низ цела Европа”. Денес, здравството е заглавено во неефикасност, многу грешки, жртви и истраги за морбидни трагедии, како онаа во болницата во Тетово. Големи штети има насекаде, а одговорноста ја нема никаде! Напиша на Фејсбук пратеникот Милошоски. 

10.09.2021 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега