Милошоски: Со преформулација на „негативното мислење“, се гледа дека власта сака да се ограничи критиката кон функционерите

Власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта, рече денеска во изјава за медиумите пртеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонјо Милошоски.

Интегрален текст од изјавата на Милошоски:

-Денес, би сакал да го искажам ставот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по однос на според нас, скандалозниот предлог закон кој што дојде во Собранието, а се однесуваше на именување на членовите за одговорност за клевета и навреда.

За прв пат, после едноумието се воведува една формулација каде што би се санкционирало и негативно мислење.

Сега гледаме дека власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта.

Ова воопшто не зачудува бидејќи автор на овој текст е академикот Камбовски кој што во 1987 година го казнуваше професорот Маријановиќ зошто сакал да се укине вербалниот деликт.

Нашата порака до министерот Тупанчевски е да го смени последниот министер на Милошевиќ кој што на мала врата го протнува овој вербален деликт, изјави Милошоски.

08.02.2022 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега