Милошоски: Собранието ќе расправа за причините за пропаѓањето на Еуростандард банка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук изјави дека по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ наскоро во Собранието ќе се расправа за пропаѓањето на Еуростандард Банка.

„Дали пропаѓањето на “Еуростандард Банка” е македонскиот втор “ТАТ” – кои фирми имале корист од милионски кредити, дали овие фирми биле блиски до фамилијата на власт и колку високи функционери, членови на владата, знаеле предвреме за стечајот на банката?

Наскоро, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе расправа на оваа тема и ќе се откријат многу сериозни манипулации“, напиша Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега