Милошоски: Венецијанската комисија не е самопослуга од која си одбирате само тоа што ви се допаѓа

Антонио Милошоски во емисијата „Патот кон“ на телевизија „Алсат“ рече дека „Венецијанската комисија не е самопослуга од која си одбирате само тоа што ви се допаѓа“.

-Потценувачки е што владата се однесува кон Венецијанската комисија како кон самопослуга, од која одбирате што ви се допаѓа, а ги отфрлат препораките што не ви се допаѓаат. Особено што во извештајот на Венецијанската комисија се укажува дека законот за јазици е нефункционален и ќе влијае штетно на правосудниот систем и неговата неефикасност. Ова е една правна шлаканица од Венецијанската комисија за македонската влада, истакна Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега