Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ја водеше кампањата за претседател со доброволни прилози

Во „Отвореното студио“ на ТВ Алфа Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ оствари доста добар резултат.

Тоа што на хартија и по статистика и закон е соопштено и следува во пракса за жал не е така. Односно она што и следуваше на ВМРО-ДПМНЕ врз основа на претходните изборни резултати како средства според законот кој што треба да бидат исплатени на политичките партии кои што добиле поголем број на гласови, иако беше дадено како ветување од страна на премиерот на владата дека ќе биде исполнето како буџетска обврска за време на претседателските избори и пред изборите не беше исполнето. Така што ВМРО-ДПМНЕ ја водеше кампањата и кандидатот на опозицијата со доброволни прилози, она што можевме да го направиме како партија од свои сопствени ресурси, појасни Милошоски.

Милошоски додаде дека неисполнувањето на ветувањето на Заев е идејата на владата ВМРО-ДПМНЕ да настапи хендикепирана со помал капацитет за водење на кампања, знаејќи дека тие средства се прилично важни за настап и водење на кампања.

И покрај тоа направивме добар за нас добар резултат, нагласи Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2019 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега