Милошоски за одлуката на Бајден: Половина Влада на Заев и СДСМ треба да биде на црната листа

Поранешниот шеф на дипломатија и пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски за декретот на Бајден вели дека станува збор за рамка која се дефинира периодично и со која САД ги штити своите национални интереси, посочувајќи ја потребата за безкомпромисна борба против криминалот и корупцијата и потенцира повеќе регионални договори меѓу кој и Преспанскиот каде дипломатијата на САД активно била вклучена.

-ВМРО-ДПМНЕ како партија има задача и обврска да ги штити националните државни интереси. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за преспанскиот договор е следен: ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговарањата, креирањето, неговото носење во Собранието и негова имплементација, истиот е асиметричен и спротивен на македонските национални интереси – изјави Милошовски за Слободен печат“.

09.06.2021 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега