Милошоски: Заев и Димитров да дадат оставка ако не се добие датумот за ЕУ

Доколку нема датум за почеток на преговори со Европската Унија, треба премиерот Заев и министерот Димитров во петок навечер до Собранието да поднесат оставки, рече вечерва Антонио Милошоски, претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието, во емисијата Топ Тема на Телма.

Милошоски изјави дека посетата на премиерот Зоран Заев во Брисел е закаснета и дека според него таа посета требало да се случи пред еден или два месеца, а македонската дипломатија да алармира дека Париз е клучната точка во која треба да се вложи дополнителен напор за Македонија.

Тој рече дека Макрон не изгледа на лабилен политичар како Заев за да ги менува ставовите и дека цената која ја плати Македонија е превисока, а добивката е неизвесна.

-По однос на лажните вести нема поголема лажна вест во авион да се сликате со „лајкови“ Заев, Димитров, Османи и Кочо Анѓушев 2018 година и да кажете историска одлука на ЕУ, добивме безусловен датум, таквото однесување и таквите лажни вести создаваат анимозитет и во Брисел и во Париз. Лажењето на Заев дека сме добиле датум лани, а сега оди и вели „Не гасете ги ѕвездите, сакам да го добиеме датумот сега“ е најголемата лажна вест во историјат на Република Македонија, вели Милошоски.

Милошоски смета дека луѓето коишто ги повикуваа граѓаните да гласаат за смена на Уставот им ја ветуваа Европа и таа не се случи, треба да им дадат шанса на истите граѓани на предвремени избори да одлучат на кого ќе ја дадат довербата. Доколку нема датум, Антонио Милошоски рече дека и на стопански, на политички и на коалиционен план власта на СДСМ ќе изгуби легитимитет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега