Министерот Пенов: Општините лошо ја менаџирале кризата со нови непродуктивни трошоци

Проблемот со приватните превозници е во ингеренции на Градот Скопје. Интересот на Владата беше да се деблокира животот и функциите на граѓаните и стопанството во главниот град, вели Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов во интервју за Прес24, потенцирајќи дека како Влада најавиле можно вклучување откако надлежните во Градот ќе ги исцрпат можностити кои им стојат на располагање.

-Се уште немаме информации дали управниот одбор на ЈСП го разгледал извештајот на УЈП и дали презел или предложил мерки за решавање на проблемот. Ако некој смета дека нешто е незаконско во државата постојат правни лекови и инструменти кои треба да ги искористат, вели Пенов како одговор на прашањето за обвинувањата на приватните превозници дека Арсовска незаконски им ги поништила договорите.

Пенов потеницира дека централната власт ги помага сите општини во државата, без разлика на политичката ориентација. Сепак смеат дека голем дел општини не успеваат добро да бидат менаџирани.

-Со префрлање на вината проблемите не се решаваат. Проблемите ако не се решаваат тие ќе се мултиплицираат . Минатата година актуелни беа зголемените трошоци за електрична енергија. Што казуваат бројките од анализата која за наши потреби ја направи УНДП. Општините во првите девет месеци од 2022 година имале зголемен трошок за енергија во износ од една милијарда денари, што е многу, но се уште е помалку од приходот кој општините го добиваат од комуналната такса што граганите ја плаќаат за јавно осветлување. Како општините го решиле овој проблем. Ги намалиле капиталните инвестиции. Но, зголемениот трошок од една милијарда го покриле со намалување на капиталните инвестиции за една милијарда и деветсто милиони денари и згора на тоа ги зголемиле долговите за 800 милиони денари. Тоа значи дека во услови на криза ги зголемиле непродуктивните и непотребни трошоци за милијарда И 700 милиони денари што говори за катастрофално лош однос кон проблемите на граѓаните и развојот на  општините, вели Ристо Пенов, министер за локална самуправа во интервју за Прес 24.

ПРЕС24: Крупните политички конфликти во Градот Скопје стивнаа, но политичките препукувања продолжуваат. Ја има ли поддршката Данела Аросовска од Владата, како што тврди опозицијата?

ПЕНОВ: Секој градоначалник ја има поддршката на Владата. Така со финансиски средства од Владата во општина Кисела Вода се изгради објектот на затворениот зелен Пазар, во Горче Петров ќе го реконструираме напуштеното училиште во Центар за рехабилитација на деца со тешки болести, во Радовиш, Конче и Босилово ќе поставиме фотоволтаици на јавните објекти, во Охрид на барање на градоначалникот финансиравме изградба на мини голф игралиште, на општина Штип и финансиравме набавка на комунално возило, во Кавадарци, Неготино, Велес и Свети Николе набавивме противпожарни возила и уште многу проекти финансирани од државниот буџет и европските фондови. Во Скопје Владата ја  финансира изградбата на  Универзалната сала, пречистителната станица со обезбеден грант од 72 милиони евра, го гарантира финансирањето на бас рапид системот, ја финансира изградбата на мостот кај Сити мол и сл. Бидејки воочлив е застојот во реализацијата на овие проекти пројавивме интерес да помогнеме во реализацијата на овие проекти. На тој начин поддржуваме.

ПРЕС24: Проблемот со приватните превозници остана, иако имаше најави дека Владата ќе помогне откако ќе прекинат протестите. Зошто се уште нема нема комуникација меѓу засегнатите страни, што треба да покаже извештајот на УЈП?

ПЕНОВ: Проблемот со приватните превозници е во ингеренции на Градот Скопје. Интересот на Владата беше да се деблокира животот и функциите на граѓаните и стопанството во главниот град. Најавивме можно вклучување откако надлежните во Градот ќе ги исцрпат можностите кои им стојат на располагање. Се уште немаме информации дали управниот одбор на ЈСП го разгледал извештајот на УЈП И дали презел или предложил мерки за решавање на проблемот.

ПРЕС24: Превозниците тврдат дека договоите им се незаконски раскинати. Еве два пати Градот распишува повик за линии, но никој не се пријавува?

ПЕНОВ: Како што реков јавниот превоз го уредува Градот Скопје самостојно. Ако некој смета дека нешто е незаконско во државата постојат правни лекови и инструменти кои треба да ги искористат.

ПРЕС24: Вие бевте градоначелник на Скопје. Дали на градот му се неопходни приватни линии, постои ли начин како тоа да се реши?

ПЕНОВ: Потребата за вклучување на приватни превозници ја проценуваат органите на Градот Скопје. Таа зависи од проценката дали јавното претпријатие има доволно капацитети за непречено и квалитетно одвивање на јавниот превоз.

ПРЕС24: Во политиката се вративте како дел од извршната власт, а најголем дел поминавте во локалната власт. Сега од другата страна колку речани се проблемите со кои се соочуваа локалната власт, а колку релно централната може да помогне?

ПЕНОВ: Локалната, исто како и централната власт постои да ги решава проблемите на граганите. Мора да бидеме свесни дека Република Северна Македонија го нема потребниот финансиски капацитет да ги реши сите проблем, потреби или замисли. Но, секој треба да си ја преземе одговорноста за задачата на која се нафатил. Со префрлање на вината проблемите не се решаваат. Проблемите ако не се решаваат тие ќе се мултиплицираат . Минатата година актуелни беа зголемените трошоци за електрична енергија. Што казуваат бројките од анализата која за наши потреби ја направи УНДП. Општините во првите девет месеци од 2022 година имале зголемен трошок за енергија во износ од една милијарда денари, што е многу, но се уште е помалку од приходот кој општините го добиваат од комуналната такса што граганите ја плаќаат за јавно осветлување. Како општините го решиле овој проблем. Ги намалиле капиталните инвестиции. Но, зголемениот трошок од една милијарда го покриле со намалување на капиталните инвестиции за една милијарда и деветсто милиони денари и згора на тоа ги зголемиле долговите за 800 милиони денари. Тоа значи дека во услови на криза ги зголемиле непродуктивните и непотребни трошоци за милијарда И 700 милиони денари што говори за катастрофално лош однос кон проблемите на граѓаните и развојот на општините.

ПРЕС24: Можно и е една локлана единица да функционира нормално без помош од целнтарлната власт, нормално во смисла да сервисира обвсрски, но и на инвестира во развој на општината?

ПЕНОВ: Општините се димензионирани самостојно да функционираат. За таа цел државата патиципира со 70% во нивните буджети преку дотации. Идејата на децентрализацијата беше со текот на годините со инструментите кои им стојат на располагање на општнините како данок на имот, продажба на државно земјиште и сл. Општините самостојно да обезбедуваат 70% од своите буджети а учеството на државата да се намали на 30%. Запоцна 18-та година од децентрализацијата процентот на државни дотации се уште е на ниво од околу 70%, затоа што општините не ги користатат основните можности во финансиската децентрализација. Имено се уште не ги користат можностите што ги дава најиздашниот инструмент – данокот на имот. Исто така, комуналиите кои не се социјална категорија ги држат на ниско ниво, цените на комуналните услуги се пониски од реалната вредност, а спасот се бара во задолжување, неплакање на обврските и барање помош од државниот буџет.

Во моментов на пример во општина Штип актуелно е барањето за издавање општинска обврзницаза која гарант треба да биде Владата, а општина Штип  веќе 30 години не знае како да ги искористи средствата што ги наплатила од граѓаните преку самопридонес и стојат замрзнати и секојдневно обезвреднуваат. Истовремено проектите кои треба да се финансираат со издавање обврзница можат да се финансираат преку Европски и други фондови. Но тоа е потежок и подолг пат, кој бра ангажман и почитување на процедура, а полесно е задолжување кое Владата ќе го врати како во претходниот заем на општина Штип.

ПРЕС24: Многупати се зборува за лошата децентрализација. Имаме ли функцонална или дисфункционална децентралзиација?

ПЕНОВ: Како што веќе објаснив децентрализацијата е функционална, но недоволно искористена. Освен неколку општини како на пример општина Карпош која за рекордно кратко време речиси ќе го избрише долгот кој беше огромен, или општина Кавадарци која успеа со помос на УСАИД да ги евидентира сите имоти во базата за данок на имот, или општина Центар во која највисоко е учеството на капиталните инвестиции по глава на жител, во повеќето општини малку се работи на искористување на ингеренциите. Овие денови рециси сите општини се соочуваат со загаден воздух и проблем со кучиња китници.Тоа се проблем кои се комплетно во рацете на општините. Но мерки за разрешување не гледаме дека се преземаат и граѓаните бараат спас од Владата. Тоа не е децентрализација.

ПРЕС24: Дали територијалната поделба ваква како што е сега е добро поставена, или не?

ПЕНОВ: Тоа е прашање кое го анализираме. На пример Словенија како најслична на нас има 212 општини и тие се мислат што да прават. Кај нас проблемот се актуелизира со податоците од пописот кој покажува дека во три општини населението се намалило за повеке од 40%. Притоа нема објаснување податокот дека најголем процент на население се одселило од општина Ново Село, општина која според сите теоретски модели може најмногу да се развива заради потенцијалот на плодната земја и пограничната соработка.

ПРЕС24: Му требат ли на пример на Градот Скопје општински центри од овој тип што сега ги има?

ПЕНОВ: Мислам дека поважно од тоа е како да воспоставиме посилна соработка и координација меѓу градот и општините, бидејќи сегашниот систем на речиси потполна независност го создава впечатокот дека некој е непотребен во системот.

ПРЕС24: Како министер за локална кои приоритети сметате дека се итни за решавање?

ПЕНОВ: Најмногу треба да работиме на јакнење на капацитетите на единиците на локална самоуправа со цел поуспешно решавање на проблемите на граѓаните и локалните заедници.

20.01.2023 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега