Министерот Шаќири направи селфи: Ни ги преплавија канцелариите - сите даваат поддршка за Османи

Министерот за образоваание и наука, Јетон Шаќири направи селфи со приврзаниците на партијата. Преку соопштение испратено од ДУИ во медиумите, се наведува дека многу симпатизери на партијата дале поддршка за нивниот претседателски кандидат Бујар Османи, по што канцелариите низ државата им биле преплавени.

„Од раните утрински часови голем број граѓани во регионалните центри на ДИК во Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Чашка и низ целата држава го ставија својот потпис во поддршка на кандидатот на Демократската унија за интеграција за претседател на државата, Бујар Османи. Демократската унија за интеграција им се заблагодарува на сите оние кои досега ја изразија својата непоколеблива волја да застанат во поддршка на нашата докажана визија за големи прогресивни достигнувања.

Потврдувањето на кандидатурата на Бујар Османи преку овој масовен собир на потписи кој несомнено ќе ја надмине бројката од 10.000 потписи ја докажува праведноста на нашите прогресивни идеи“, стои во партиското соопштение до медиумите од ДУИ.

„Како што го исполнивме ветувањето за првиот премиер албанец и сите ветувања за нашата национална и државна факторизација во последните две децении, така и каузата за првиот претседател албанец ќе ја направиме реалност со тоа што прво ќе го трасираме патот за сигурно остварување на оваа визија“, се додава во соопштението.

23.02.2024 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега