Министерство за одбрана: Двете машини се купени во транспарентна постапка од најповолниот понудувач

Машините за кои зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се почитувани сите законски одредби, реагираат од Министерството за одбрана, откако денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски изјави дека Радмила Шекеринска платила 250.000 евра повеќе за две машини за армијата во споредба со продажната цена на исти машини во Србија.

„Тој тип на машини се карактеризира со широк распон на техничките карактеристики (јачина на мотор, дополнителна опрема, ефикасност, габарит), и во зависност од тоа се утврдуваат и цените. Цената на инженериските машини за Армијата се добиени во отворена и компетитивна постапка. Таа е започната со технички дијалог, на кој му претходеше и состанок во Стопанската комора на кој ги мотивираме сите фирми да учествуват во набавката и техничкиот дијалог, при што одговоривме на сите прашања, предлози и сугестии токму во насока на зголемување на конкуренцијата. Токму поради тие наши напори, при оваа специфична набавка имавме дури 6 понуди на јавното отварање, сосема различно од искуствата за време на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од Министерството.

Од таму посочуваат дека за конкретната инженериска машина – грејдер (2 парчиња) во постапката учествуваа 3 економски оператори кои беа уредно поканети на е-аукција, при што е-аукцијата била избрана понудата со најниска цена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега