Миновски: Трендот на зголемувањето на јавниот долг е загрижувачки и алармантен

Во вечерашната емисија на ТВ 24 „Тренд Анализа “ гостуваа поранешниот министер за финансии Кирил Миновски, универзитетскиот професор Никола Попоски и актуелниот советник во премиерскиот кабинет Фатмир Бетиќи каде се дискутираше за буџетот за 2019 година кој е историски најголемиот буџет проектиран некогаш во Македонија.

Имено, поранешниот министер за финансии од редовите на ВМРО ДПМНЕ Кирил Миновски кажа дека буџетот нема некои големи структурални промени и дека проектираниот раст на јавниот долг за наредните години е загрижувачки.

„Гледаме еден тренд на зголемување на јавниот долг кој што ќе продолжи и во наредниот период кој што мислам дека негде би стигнал и до 53 % што секако е веќе е загрижувачка појава. “ – кажа Миновски

Тој истакна дека во минатото истата Влада алармирала на јавен долг од 47 % додека сега во овој случај јавниот долг е проектиран на некој си 53 % што е значително повисок.

 

 

 

19.11.2018 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега