МИОА:Се почитуваат постапките за внатрешната организација и систематизација на работните места

Министерството за информатичко општество и администрација, спроведувајќи ги своите надлежности што произлегуваат од ЗАС и ЗВЈС води сметка за почитување на постапките за донесување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и за донесување на годишните планови за вработувања, се наведува во реакцијата на МИОА на прес-конференцијата на дополнителниот заменик министер Невенка Стаменковска Стојковски.

Во реакцијата се појаснува дека во однос на актите за внатрешна организација и ситематизација, секогаш се внимава доколку има отстапување во бројот на работни места во однос на законски утвредните ограничувања, истото да е направенo врз основа на внатрешна функционална анализа и одобрено  и од страна на Министерството за финансии, базирано врз докази.

-Што се однесува до годишните планови, додаваат, законска обврска на МИОА  е да провери дали сите чекори во постапката  се согласно Законот за вработени во јавниот сектор и Методологијата за донесување на годишен план се испочитувани, без да навлегува во содржината на планот, што е изворно право на раководните лица на институциите, односно во потребите за нови вработувања или унапредувања, базирани на стратешките приоритети и буџетските можности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега