Мисајловски: Ако се даде глас повторно за СДСМ, оваа власт сега може да тргува со националните интереси, со Гоце Делчев и со Македонскиот јазик

Апсолутно сме поразлични од СДСМ тоа е прво и едноставно, секој ден можете да видите различни ветувања од СДСМ, но да не заборавиме што ветија минатите избори, ветија дека никогаш нема да постои човек кој ќе го промени името,но изгледа Зоран Заев е тој човек. Велеа дека ќе изградат 500 километри автопати, но тие ги нема не постојат. Велеа дека ќе има 100 илјади денари плата за докторите, но тоа е уште една измама, велеа дека ќе има капитални инвестиции тука во Ѓорче Петров како и изградба на клинички центар, но сето тоа е лага.

Ова денеска како гостин во вестите на телевизија Сител го кажа носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2 Владо Мисајловски.

-ВМРО-ДПМНЕ се што ќе вети се ќе исполни и тоа го прави прецизно, бидејќи утре ќе треба повторно да дојде тука во Волково, треба на сите оние места каде ја бараме поддршката да се вратиме и да им кажеме на граѓаните кога ќе биде тоа реализирано и кога тоа ќе го исполниме. Бренд на ВМРО-ДПМНЕ се проектите, ние се обидуваме да имаме позитивна кампања и да разговараме со сите граѓани за да им кажеме што понудуваме, се разбира понудуваме повисоки плати, пензии, но граѓаните најмногу ги интересира што е она што се случуваше овие три години и што ќе се случува во наредниот период во врска со националното, македонското, историското. Ако се даде глас повторно за СДСМ, оваа власт сега може да тргува со националните интереси, може да се откаже од Гоце Делчев како Македонец, може да се откаже од македонскиот јазик, а јас и ВМРО-ДПМНЕ тоа никогаш нема да го дозволи, рече Мисајловски.

Тој додава дека добро е граѓаните да им ја дадат поддршката иако се тешки избори пред нас и вирусот е насекаде меѓу нас.

-Нека излезат сите со маски и нека ни го дадат гласот за да победи народот, за да може после тоа народот да ги носи сите одлуки. Ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано сме на терен и тоа нас ни е рутина што ќе ја правиме и во иднина. Јас лично тоа ќе го правам постојано  меѓу улиците, сокаците што и да се случува, колку и да тераат црни кампањи и црни црнила во нивните умови јас ќе бидат тука до граѓаните и кога ќе завршат овие избори јас повторно ќе дојдам независно од резултатите. Овие луѓе тука имаат проблеми тие проблеми ако само збориме со демагогија никогаш нема да ги решиме, затоа ги оправдувам граѓаните да излезат и да го дадат нашиот глас, истакна Мисајловски.

Тој на крајот вели дека граѓаните мора да излезат да гласаат се со цел формирање на легитимна влада.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега