Мисајловски: Чекаме милост од други држави – реалноста е дека имаме само едно пакетче со вакцини

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во вечерашното гостување во Дневникот Сител рече дека власта чека милост од други држави да донираат вакцини против вирусот Ковид-19.

-Реалноста е дека имаме само едно пакетче во Македонија, и јас го поздравувам и тоа. Го поздравувам бидејќи Србија направи големи чекори. Но, реално, треба да се работи. Кога треба оваа Влада да се пофали за нешто, тие прават еден куп ПР работи, ПР пресови, но кога има треба да има некој производ, во случајот да стигнат вакцините, тогаш гледаме дека се неспособни, рече Мисајловски.

Според него, реалноста е оти Македонија е последна во регионот која нема вакцини.

-Потребни се многу вакцини. Потребни се вакцини и за наредните години. Ова не е само работа за сликање, ова е многу сериозна работа. Не само ВМРО-ДПМНЕ, секој еден граѓанин критикува бидејќи има многу кои сакаат да се вакцинираат. Постојано ги тераме и се обидуваме да бидеме бучни на ова прашање за да почнат да работат, рече Мисајловски посочувајќи требало многу порано да се бараат вакцини од Русија и Кина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2021 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега