Мисајловски до Адеми: Ова се празни флоскули, премиерот Албенец треба да се обраќа и кон Македонците

Ова е гола реторика која се употребува само пред избори, вака ја оцени идејата на ДУИ за прв премиер Албанец, носителот на листа од втората изборна единица, Владо Мисајловски.

Тој потенцира дека премиерот Албанец треба да се обраќа кон сите етнички заедници, а не само кон Албанците.

„Ајде, нели ако градимe држава треба за сите. Ве повикувам во оваа дебата да се обратите и кон Македонците, бидејќи вие велите премиер Албанец, не може да се забораат Македонците и сите останати. Не е ова партиска дебата.“

Мисајловски додава дека сите треба да размислуваат уште од сега дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од идната Влада и сите разговор треба во таа насока да се водат.

Во изборната дебата на ТВ21 вечерва дебатираат дел од носителите на листи од Изборната единица 2.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа