Мисајловски: Филипче треба сам, морално, да си поднесе оставка

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција истакна дека министерот за здравство Венко Филипче треба сам да си поднесе оставка.

-Во овој период најважно е здравствените власти да се посветат целосно на решавање на ова што ни се случува, јас би го нарекол овој хаос што ни се случува, вие знаете дека во минатото токму овој господин Филипче велеше дека отприлика ќе има 2000 заразени во текот на целата пандемија, што сега ги гледаме дека се многу повеќе на неделно ниво.

Јас ќе апелирам до него да не биде политичарот Венко, туку да биде оној што треба да биде а тоа е министер за здравство, да помогне на сите граѓани, а интерпелација и негова оставка тоа треба сам да си го поднесе, тоа тој морално треба да го направи, но гледам дека повеќе сака да биде политичар повеќе сака да ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, а зад кулисите пак бара помош од ВМРО-ДПМНЕ, ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе помогнеме на било кој политичар ако навистина мисли за здравјето на граѓаните, истакна Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега